наш (прид.) - баба (имн.)

Ги клукаш пациентите со седативи, како нашите баби малите деца со афион да не им плачат додека работат на нива, ги држиш успани како сенки, па одвреме-навреме ќе ги стресеш со некој електричен шок, божем да ги вратиш во стварноста - и тоа ти е целата терапија. Ветер и магла - таа психијатрија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ете, и сега, при последната мајчина рожба, крај мајка ми, во борбата помеѓу животот и смртта, беше нашата баба Русинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тука беше нашата мајка и нашата баба Русинка, таа достоинствена полничка старица, со долги белоруси коси, со позлатени прамени што ѝ паѓаа врз широкото чело, со густи веѓи и сини добри очи, која ја вардеше мајка ми од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние децата ја сакавме како да ни е наша баба, зашто нашите вистински баби останаа зад границата, едната жива, другата почината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)