наш (прид.) - нема (гл.)

Султанот може да се допраша, рекоа, кај валијата, кај битолскиот грчки владика, оти ние наш немаме, дали заслужувате одобрение за ѕидање, а тие налутени дека сте ги прескокнале, да му одоворат дека не заслужувате, па и овој пат ништо да не направите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јас и пред тоа имав влегувано во новата црква и со децата се имавме бркано, дури и по ѕидовите додека се креваа, ама кога влеговме сега ми се пристори оти полична црква од нашата нема на светот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И ни вели тој на сите како што бевме собрани во училиштето: кучиња повеќе во селото наше нема да има! До едно мора да бидат поштомени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)