Патријархалецот-фашист не копнее по никаква среќа на нацијата, туку за спојување на сопствената расцепена свест во едно насилно единство на националната свест - што секогаш е најлоша форма на општествена тортура, туртура на лажната национална целина.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ние повикуваме на човечка, а не национална свест и совест, бидејќи нашите нации сега се дојдени во спор со човечките норми.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Уште од времето на Кресненското востание, во кое имаше раководна улога, Стамболов води немилостива борба против секоја манифестација на македонската национална свест и успеа привремено да ги неутрализира и движењето на Т.Гологанов, и Младата македонска книжовна дружина и др. македонски друштва и комитети, па така дојде и до книшката на Вардарски (П.Попарсов) „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници” (1894) што всушност ја претставуваше првата програма на тогаш основаната ТМОРО.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓутоа, важно е што тој сепак зборува за таков процес, додавајќи притоа дека пред појавата на српската пропаганда националната свест на Македонците била разбудена „на половина”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Франц Фенон рече дека важна работа за национализмот на угнетениот народ е тоа што кога еднаш ќе ги утврди своите цели, би требало да развива социјална свест која е многу различна од националната свест.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Основната цел на образовните и црковните институции на овие држави во Македонија била да ги оневозможи националните пројави на македонскиот народ, а од децата да формира граѓани со туѓа национална свест.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
АКТИВНОСТА НА МАКЕДОНИСТИТЕ При крајот на XIX век значајна активност пројавиле Македонците кои биле на работа и студирале надвор од Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
МАНАПО имал обележје на народен фронт и бил во непосредна врска со македонското комунистичко движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Како добар аналитичар Еванс забележал дека македонскиот народ во тој дел на Грција, иако немал национална интелигенција, а исто така и организирана национална дејност, и покрај теророт што бил практикуван од страна на претставниците на државната власт, особено селското население во поголем број останало тука и јасно го дефинирало својот македонски идентитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Она што претставувало изненадување за експертите на Форин офис биле многу јасно потцртаните становишта на Еванс за националната свест и патриотизмот на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„приватен културен сектор”) поттикнувана и произведена од истите оние проклети г’зни вовлекувачи и бирократи кои лелекаат за нивото, за запоставената „национална свест” (т.е. дека им фалат уште пари за нивните ступидни и бескрајни умножувања на еден ист анахрон и досаден „културен” дискурс, т.е. чиновнички драпаници составени од деветнаествековни стереотипи, смртно досадни дури и тогаш, а камоли денес).
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Симболите што требаше да се создадат мораа да имаат таква степен на доживувачка снага за да поттикнат заедништво и со тоа да создадат плебисцитарен карактер: „Потоа одиме на тоа, создавајќи митови, националната свест да ја претвориме во снага и волја.“
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)