Но и покрај тие обиди за индоктринација, М. Вестерн, пристигнувајќи во Македонија, ќе забележи дека во „Скопје, Прилеп, Битола и во Охрид и во селата на запад се пројавува автентичен, дури и нагласен македонски национален патриотизам“ и дека македонското население не се смета „за Грци, Срби или Бугари, туку за Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)