Во нивната пропаганда за цело време се нагласува македонската национална независност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој јавно велеше: - И кај нас, како и на меѓународен план се спротивставени и судрени две сили: империјализмот и монархофашизмот од едната страна и народната демократија и националната независност, од друга.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Зошто, бре, не си му рекол дека ние се бориме за национална независност на Грција и против англоамериканскиот империјализам, а?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За да ја обезбедам и бранам националната независност и територијалниот интегритет на мојaтa татковина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дури и Мустафа Кемал, таткото на нова Турција, со тоталните реформи не ќе успее да раскине целосно со исламското наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Оваа рамнодушност кон конфесијата ќе биде на некој начин ратификувана во моментот на националната независност на Албанија во 1912 година, кога новата држава одлучува ниедна религија да не биде прогласена за „службена“.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Современото поимање на Македонија во американската јавност, како што истакнува Георги Пирински "не е само магловито туку обично и неправилно, што се однесува до борбата на Македонците за национална независност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради тоа Георги Пирински во статијата ја презентира историјата на македонскиот народ, задржувајќи се притоа на националноста, географската положба, а посебно на националноослободителните движења на македонскиот народ низ историјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На крајот Меморандумот завршува со надеж дека Владата на САД, "заедно со Владите на нашите големи сојузници - Советскиот Сојуз и Велика Британија, ќе ја увидат вистинската цел на македонскиот народ и ќе му помогнат да го оствари долгогодишниот сон за слободна и обединета Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За Македонците во рамките на Југославија оваа историска одлука значеше дека тие за првпат во периодот од пет века добија право на самоопреопределување и национална независност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)