Загубата на еден деспотски авторитет се распрши накусо во јалово и комедијашко дебатирање на групи бивши поданици кадешто сите „буџаклиски” идеи се струполија на сцената како месијанско лакрдијашење, како проводаџиство со разни лицитарски „искупувања” на националната душа, како евтино магионичарско залудување на зашеметениот народен инстинкт за опстанок.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бидејќи класите, „динамиката на капитализмот”, како што вели Фернан Бродел, не го дозволуваат она „единство” на националната душа во коешто лежи целата среќа на фашистот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сега одеднаш нема граници за неговата хиперсензибилност, кога треба да се наслушне и најсуптилниот трепет на националната душа, сега тој е решителен и храбар кога стотици илјади луѓе треба да се подигнат од нивните огништа и подалекувид е од сите кога на тој народ треба да му се покаже некаков пат, исто онака како што е како вистински стоик мирен и сталожен кога истиот тој народ го здогледува струполен во провалија.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)