Значи, токму сега му е времето да се мисли за нашиот јазик, нашата национална литература и воспитувањето во национален дух.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
121. Националниот сепаратизам се должи на српски воспитаници идеалисти што работат под српска маска, а во душата своја се признаваат за Македонци; српските воспитаници, со своето образование во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индиферентизам во Бугарија, иако некои од нив целосно не престанаа да се викаат Бугари, но меѓу нив и Македонците со чисто бугарско образование и самите Бугари се отвори една голема пропаст: тие со своето образование застанаа на средината меѓу Бугарите и Србите, т.е. викајќи се по традиција Бугари, тие престанаа да се такви во својата душа: тие станаа Македонци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Поимот Volksgeist, национален дух, се јавува 1774. во Хердеровата книга Една инаква филозофија на историјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
(...) Правниците почнуваат да ги слават традиционалните решенија, обичаиите, изреките и максимите што ја создаваат основата на германското право, тоа колективно дело што е плод на несвесната и тивка дејност на националниот дух.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бидејќи, ако поимот и начелото за „духот и културата на народот” - тој романтичарски сурогат за просветителската идеја за народот како политички суверен - одиграа улога во проектот на афирмацијата на културното граѓанство (главно на средноевропските народи) како нов политички субјект, тогаш во услови на еден современ политички дискурс таа метафора за „националниот дух” на местото на националната власт, може да послужи само како директно транспортно средство кон една aисториска свест за еволуирањето и кон инфантилизација на политиката.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Појавата на македонските единици од делот на Македонија под Југославија во леринско-преспанскиот сектор во прилична мера придонел за уште повеќе да се подигне националниот дух на Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На таа територија престојувале: одредите “Јане Сандански”, “Даме Груев” и Првата македонско-косовска народноослободителна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
А се вели дека во куќата е потребно нешто друго, поздраво од националниот дух, за да се има –мир!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем праша: „А што сте сакале да кажете со она, цитирам: Според таа глупава логика, жена ви нема да ве изневери, ако во куќата го чувате здравиот национален дух.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Според таа глупава логика, жена ви нема да ве изневери, ако во куќата го чувате здравиот национален дух. (Тоа беше отровна стрела до Фисот и неверството на неговата жена).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А се вели дека во куќата е потребно нешто друго, поздраво од националниот дух, за да се има – мир!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)