Но бидејќи често не ги разбирам научните прилози од областа на правото, ми се случува, читајќи, да си го поставам прашањето: дали новите перспективи кои се наѕираат во меѓународното право би можеле да бидат од таква природа што би му овозможиле своевремено на вашиот татко да замисли извесни подобрувања на положбата на балканските народи?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Камилски речиси за никаков материјален надоместок во текот на една цела година објави и други статии во списанието: приказ на списанието Модерни времиња (Les Temps moderns) од месец јуни 1957 година, чиј уредник беше Жан-Пол Сартр, потоа приказ на книгата на Антонио Грамши Писма од затtворотt, потоа научниот прилог За културата на Елада, студија за шпанскиот поет Антонио Мачадо и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)