научен (прид.) - парадигма (имн.)

Не е чудно што затоа авторот бара паралела во развојот на генетиката и тоа во смисла, „можеме да ја прочитаме сегашната несреденост на уметноста како кршење на скришниот естетски код, слично како што можеме да го набљудуваме кршењето на генетскиот код при одредени биолошки неправилности“. 42 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За разлика од многу тековни научни парадигми, AI не го поддржува дехуманизирачкиот поглед кон луѓето како потполно пасивни маханизми, лишени од морална одговорност. AI не мисли за нас како за слуги на „себичните гени”, за жртви на нашите сопствени истории, или за некој вид на генерализирани преклопни табли.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дури и тука во игра е уметничката демонстра­ција (значи расклопување, инсценирање и естети­зација) на нови научни начела, со тоа што во примерот на медиските уметнички дела преминуваме кон најновите научни парадигми.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од деконструктивна перспектива може да ми се случи да кажам глупост или бесмисленост за оваа или онаа научна парадигма или за оваа или онаа поврзаност на некој филозофски систем. За тоа може да се дискутира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тогаш, од друга страна, и дизајнот на денешнината би требало да се осмели, следејќи ја смислата на новите научни парадигми, да обликува, и тоа повеќекратно, подготвен на раздорот меѓу стабилноста и хаосот. II ПОСТМОДЕРНАТА И ДИЗАЈНОТ ВО ИДНИНАТА Резиме 1.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во моментот, значи, во кој деконструкцијата се изјаснува, во кој стапува во пресметка со Кантовиот текст, со научна парадигма или со помош на лингвистика, во тој момент ја акцептирам критиката, бидејќи тие подрачја поседуваат правила за аргументација и квалитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во нашата модерност нема ништо што не е длабоко метафизичко.  Како метафизика исто така се подразбира и нацртот на некаков филозофски систем, додека денес се зборува за инкомензурабилноста на дискурсните форми, начините на живот или научните парадигми.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
4) Воведување на допирот: промена на подрачјето сетила - теоретичари Ненапорниот влез на екстремните уметнички инсталации на техноартот, кои што инвестираат (пред сè) нови научни парадигми и информатички технологии за стимулирање на виртуелни светови, во општествениот систем на уметноста е факт, но таа новост никако не е без последици како за теоријата на уметничкото (философија на уметноста, естетиката) така и за науката која што размислува за општествената судбина на сетилното во доцниот капитализам (социологија на културата и социологија на life stile-от).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)