научен (прид.) - метод (имн.)

Моралот на куновската философија на науката е значаен: не постои дисциплина наречена „критика“ што некој може да ја практикува за да дојде до значително подобра политика, не повеќе од постоењето на нешто наречено „научен метод“ што некој може да го примени за да дојде до значително подобра физика.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се работи за онаа правна норма, според која, работодавачот е должен да го запознае работникот со сите опасности на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и условите за работа (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст); како и одредбата која предвидуваше дека работодавачот е должен, земајќи ги предвид научните методи и современите достигнувања, да го организира процесот на трудот на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштитата на здравјето на граѓаните – односно, да создава услови за работа и да ги преземе пропишаните мерки и нормативи, како и други општопризнати мерки за заштита при работата со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците и на граѓаните 20.  Закон за заштита при работа; Сл. весник на РМ, 13/98. 30 (чл. 62, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)