натчовечки (прид.) - сила (имн.)

Сега му се чинеше како цел свој живот да трчал по навредите и понижувањата со истата онаа своја лесно запалива нестрпливост и натчовечка сила со која постојано ги отфрлаше пофалбите и восхитот на некои луѓе кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Многу години подоцна, кога во родната земја, со натчовечки сили, се изгради пругата од Тирана до Поградец, односно до самата граница, се крена, од другата страна на границата, и пругата на нашето мало вовче.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со раце раширени крилја мене сега што ме чекаат, еден ден самостојно ќе летнат, мое чудо мило, моја надчовечка сило.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)