Но мораше уште еднаш јасно да се наведат причините за крајот на јаничарството во историјата кое остави последици не само врз натамошниот тек на Империјата туку и врз натамошниот развој на Балканот и Европа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со посебно внимание се следеле сите активности што се одвивале во редовите на НОВ и ПО на Македонија, како и чекорите што биле преземени од страна на воениот врв на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во врска со плановите за натамошниот развој на Народноослободителната војна во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Општата криза на градовите, како што покажува Доксијадис, има многубројни причинители и тешко е да се поверува дека нивниот натамошен развој и сраснување ќе ги намали урбаните проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Меѓутоа, тие секогаш не биле во тек со она што се случувало во однос на политичките и воените одлуки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)