Софистицираната машка геј-култура, всушност, ужива да си игра со спротивноста меѓу женственото и мажественото: меѓу кампот и убавината, културата и сексот, настраниот субјективитет и машкиот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Крајниот ефект беше неочекувано сладок – истовремено и многу соодветен, многу смешен, па дури и прилично секси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа самото по себе е изведба на настраниот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тој настран начин на чувствување – тој настран субјективитет – се пројавува преку еден особен, дисидентски начин на поврзување со предметите од културата (филмови, песни, алишта, книги, уметнички дела) и воопшто со културните форми (уметноста и архитектурата, операта и музичкиот театар, поп- и диско -музиката, стилот и модата, емоцијата и јазикот).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако се навратиме да ги испитаме трите случаи на настраниот субјективитет кои Милер му ги припишал на протогеј-машкото дете од 1950-тите години и кои ги идентификувал како „рани претсексуални стварности на геј-искуството“, гледаме дека не се состојат од аспекти на вродено патолошко обликување, туку од психички записи врз субјектот на патогените последици од живеењето во еден хомофобичен општествен свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Основниот проблем што го имам со политичкото функционирање на геј-идентитетот денеска е што и при сите свои повици за јавно признавање и прифаќање на фактот за хомосексуалната желба (некогаш, да се знае, на штета на геј-сексот), официјалното геј- и лезбејско движење практично забранило испитување на настраните сензибилитет, стил, емоција и на сите карактеристични, несексуални облици на настраниот субјективитет, на афектот или на задоволството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)