Животот е насилна смрт, а тоа е фаза низ која најчесто минуваат оние што не влегле со воинственички оган во битка и што повеќе би сакале да се реши на маса, без убивање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Некои велат: Александровото тело кога се испокарале војсководците многу дни лежело незакопано во врелата и запурничава област, не се појавил ниеден знак на насилна смрт туку цело време останало чисто, небаре било живо...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Би требало тоа распаѓање да се претвори во жесток процес, во насилна смрт, по пат на исмевање, предизвику вање, повеќекратна симулација која што ритуалот на смртта на универзитетот би го понудила како модел на распаѓање на севкупното општество, заразен модел на напуштање на секоја општествена структура, во кој смртта конечно би го извршила своето пустошење кое што штрајкот очајнички се обидува да го оствари, во дослух со системот, успевајќи во најдобар случај да ја претвори во бавно, успорено изумирање, кое што дури веќе не е ни можно наместо некоја субверзија, некоја офанзивна реверзија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Елементот на водата, кој се јавува непрекинато, дури и кога е мошне потиснат или само како алузија во неговите куси и долгометражни филмови, заканувачки е врзан со насилната смрт со давење.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да полудат пред глетката на грубата и насилна смрт.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)