народноослободителен (прид.) - фронт (имн.)

Особено голем политички успех бил постигнат со формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонски народноослободителен фронт (СНОФ)323 кој работел врз македонска национална платформа, со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, како и посебен партиски актив на Македонците во Леринско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Голем политички успех на народноослободителното движење во делот на Македонија под Грција претставувало формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ), кој работел врз македонска национална платформа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 23 април, истата година, беше формирана и македонската организација НОФ (Народноослободителен фронт) во чиј состав дејствуваа и македонските организации АФЖ (Антифашистички фронт на жените) и НОМС (Народноослободителен младински сојуз).
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истиот бил формиран со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, и посебниот партиски актив на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)