Напати скришум се мачевме во татковото радио донесено од Цариград во облик на раскрилен паун да го слушнеме нејзиниот пријатен, милозвучен глас, на места патетично извишуван кога ја спомнуваше Партијата, народниот фронт, Водачот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој кај мене беше член на претседателството на Народниот фронт.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во вардарскиот дел на Македонија, во времето кога на чело на Покраинкиот комитет на КПЈ за Македонија се наоѓал Методија Шаторов-Шарло (1940-41), ПК бил преименуван во Покраински комитет на Комунистичката партија во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
МАНАПО имал обележје на народен фронт и бил во непосредна врска со македонското комунистичко движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе го направиш мртовечкиот ковчег како што е пропишано.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Немам тенеке за да исечам ангелчиња и да го украсам ковчегот, другар Ѓурчин“, реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова ти го наредува власта, а власта никогаш никому не му останува должна", ми нареди Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„На газда Спиро му должиме. Тој е претседател на Народниот Фронт.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Народното собрание, по брза постапка, ќе го усвои Законот за забрана на козите, а Народниот фронт уште од сега треба да започне со неопходната објаснувачка дејност. Смрт на козите, слобода на народот! ***
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)