народен (прид.) - училиште (имн.)

Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивните напори вродиле со плод и во втората половина на XIX век значително нараснал бројот на училиштата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие ги освоија срцата на Турците, особено по Кримската војна, кога ги прифаќаа ранетите, отвораа народни училишта, отвораа стационари, сиропиталишта, болници...“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овие дејци, како и народните училишта во Македонија, биле во постојана борба со грчката буржоазија и свештенство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)