На 11 февруари 1945 година Македонско-американскиот народен сојуз упатил до Министерството за надворешни работи на САД и до јавноста свој "Меморандум за македонското прашање".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во него, решавањето на македонското прашање, македонската емиграција организирана во МАНС го гледала во „обединувањето на трите дела на Македонија во една слободна македонска држава, во заедница со демократските јужнословенски и себалкански нации...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
199 Единиците на НОВ и ПОМ, по капитулацијата на Италија, ги ослободиле Кичево и Дебар, со што била запоседната патната комуникација што водела кон Албанија и кон Северна Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Изборот на Георги Пирински во раководството на Словенскиот комитет пред сè претставувало признание за неговата работа меѓу македонското иселеништво и неговиот придонес за неговото обединување во Македонскиот народен сојуз.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Еден од основачите на македонските независни прогресивни групи (1928) и на Македонскиот народен сојуз во САД и во Канада Редактор на в. „Балканско здружение“, а потоа преименувано во в. „Трудова Македонија“ (1931-1933) - орган на Македонскиот народен сојуз.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„Балканско здружение“, а потоа преименувано во в. „Трудова Македонија“ (1931-1933) - орган на Македонскиот народен сојуз.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
167 Македонскиот американски народен сојуз е формиран во 1938 година, а произлезе од Македонскиот народен сојуз, кој беше формиран во 1931.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Завршувајќи го протестното писмо, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз се надевале дека "на грчкиот народ наскоро ќе му биде овозможено да создава вистинска демократија и остварување на целосни права на Македонците во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Интерес предизвикала и репортажата објавена од американскиот новинар Морис Вестерн, еден од првите што пристигнале во Македонија непосредно по ослободувањето.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Идејата за обединување на Американците од словенско потекло била поздравена од прогресивното македонско иселеништво и сите тие, во годините на војната и потоа, земале активно учество во анимирањето на Македонците за заедничко обединување со другите словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)