народен (прид.) - гениј (имн.)

Карактеризирајќи го инаетот како погубна особина народниот гениј продуцирал неколку изреки: „Инаетот глава кине.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеш да бегаш каде што ќе помислиш и со кого ќе посакаш, ама од судбината или од пишаното - нема. Затоа народниот гениј рекол: „Од пишаното не се бега“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Притоа безрезервно се велича големината на народниот гениј, особено во партиските сфаќања на уметноста и нејзината служба во народот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додуше во приказните имаше и добри моменти, вешто камуфлирани иронии, кои го оправдуваа терминот ’народен гениј’ за нивните анонимни автори.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
За таквото нешто народниот гениј рекол- трпи, трпи, ама не се истрпува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Народниот гениј, на инаетчиите често им дава животински особености, па неретко, за некој инаетчија ќе каже дека е магаре, то ест дека се инати како магаре на мост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)