Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Реализиран во духот на народната и гоголевската традиција, во него наративниот глас е консеквентен, ист во сите ситуации и без оглед на промената на лицата, а ритмичната и римувана реченица во духот на Кола Брењон на Ромен Ролан или, кај нас, на Васе Манчев - честа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)