Љубопитно ги голтам напишаните зборови и прескокнувајќи редови за што побрзо да стигнам до информацијата, читам погоре пишува:
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Зошто се плашеа овие луѓе од моите напишани зборови?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со секој напишан збор, стануваат од будали побудали, ама ете ја љубат уметноста, па затоа паѓаат жртви.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во осаменоста со која секој што пишува се соочува, сеништата на минатото постојано се враќаат со секој напишан збор.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Меѓутоа, доктор Миха беше не само по изречениот туку и по напишаниот збор - не беше само мераклија за муабети, за разговори во кои тој зборуваше повеќе од секој свој соговорник, заради што неговите колеги од работа злобно го озборуваа дека страда од логореја; не само да чита, од дневни и неделни весници преку стручни списанија до најнова убава литература, туку и да пишува (сѐ и сешто, ќе видиме што?), поради што скрупулозните критизери го нарекуваа скрибоман.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)