Работи кои не смрдат, но и не мирисаат добро банкнота од илјада денари, кога ќе излезе од банкоматот; лубрикант на чија етикета пишува "гарантирано без вкус и мирис"; велосипед цела зима чуван во подрум; небањато дете, ама твое; купачи носени во базен, после три дена; рацете откако си лупел компир; она за полирање пластика во кола; стог сено среде поле; парфем кој си го добил на подарок од некој што не те знае добро; дупче од цигара на волнен џемпер; топол здив од крава; лифт во државна институција; ретко отварана книга, само за референца; автомобил оставен на +40, под сенка; каталози за козметика со опција "изгреби и помирисај" со помешана арома на печатарска боја и млеко за тело; нечии најдобри намери и наивни лаги.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)