надуен (прид.) - новинарски (прид.)

Токму преку тие доминантни културни облици, дискурси и жанрови тој успева да си изреже себеси упадливо нестандардна положба на полето на родот и сексуалноста. ‌О’Хара си го претставува односот кон плакатскиот наслов како однос на помешани лековерност и скепса.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се иззема од хистеричната возбуда што дречливион наслов сака да ѝ ја внесе на масовната публика на која ѝ е упатен, тој радо се асимилира себеси во таа публика, присвојувајќи си ја мелодраматичната реторика на насловот, го цитира и го репродуцира со подбивна сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Себеси се прикажува и како простодушник и како разочаран критичар на надуениот новинарски дискурс кој го користи како стомакозборец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)