надлежен (прид.) - и (сврз.)

Имено, ако во спор од работен однос тужителот е работник, за судење е надлежен – покрај судот кој е општо месно надлежен за тужениот и судот на чие подрачје се врши работата или се вршела, односно судот на чие подрачје работата би морала да се врши – и судот на чие подрачје е заснован работниот однос (чл. 58, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  Судот оценува, по службена должност и веднаш по приемот на тужбата, дали е надлежен и во кој состав е надлежен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Судот, веднаш по приемот на тужбата, по службена должност оценува дали е надлежен и во кој состав е надлежен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе за перманентното намалување на правата покриени со овој мошне важен закон види во делот на З. Савески: Обезвреднување на трудот...; „Ленка“; Скопје, 2010; стр. 90-103. 164
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)