надгробен (прид.) - споменик (имн.)

За најстар надгробен споменик се смета тој на еврејскиот поет Авигдора Каро, кој датира од 25 април 1493 година...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Нашиот единствен другар не напушти“ - така пишуваше на надгробниот споменик на Лулу...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука Сухов навистина плука, и тоа толку заразно што, какво и да е вашето мислење кон женскиот епитаф, вие добивате желба да му се придружите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-А сега да појдеме до гробот на уште еден никаквец - вели Сухов и, фаќајќи ве грубо за лактот, ве доведува до следниот надгробен споменик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, потоа на неговото лице се појавува некаков стратешки израз, потоа засилено-рамнодушен, и вам како да ви е полесно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дишан, во епитафот за неговиот надгробен споменик: Во секој случај секогаш другите умираат. превод: Кате; извор: АРТ ФОРУМ, септембер 1991. Области со кои не владеат времето и просторот“ (интервју со Дишан, 1956) 32 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во секој случај е идиотски да се објави смртта на уметноста, а притоа да се биде и во историска и во практична- животна смисла сведок на уметничката ревитализација, и од трендовско- стилски аспект, и од аспект на самите уметници кои своите дела најпрво ги акцептираат како уметнички надгробни споменици, а подоцна како капитални дела на „новата“ уметност - феникси на новиот живот на уметноста...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сѐ уште неукрасена со неонски знаци и табла за привлекување на вниманието, таа беше сив, гол, колосален надгробен споменик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред мене, кај шолјичката со црн талог и со отпушоци слични на мали надгробни споменици во котлина од која нема излез, лежи хартија на која сум запишал меѓу другото: Темната возбуда, носи неспокој, нѐ фрла во тивок очај или некорисен гнев ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како да е надгробен споменик на своето минато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)