надворешен (прид.) - соработник (имн.)

До сите нив стигнала пораката, лично од Водачот, на Татко, како на надворешен соработник на Институтот за национална историја, да му се овозможи целосен увид во сите документи и да им се излезе во пресрет на сите негови барања во врска со нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ема имаше висок степен на самосвест, таа знаеше дека беше почитувана од колегите и од надворешните соработници (дури и од оние кои постојано работеа против неа) затоа што покажа, низ сите изминати години, дека е жена со силен дух, тврда и непопустлива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека траеше процесот во Истражниот затвор бевме сосема разделени, не само со Ема, туку и со неколкумината наши колеги од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе и надворешни соработници, со Крумета Волнаровски, со Азра, Деница, со Авни, Стево Трајчов и со полицискиот службеник од Табаноце, Јованче Крстов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)