надворешен (прид.) - проблем (имн.)

Неговото присуство како и присуството на другите претставници од Србија како да имало една единствена цел: давање целосна поддршка на политиката на централната влада во Белград и игнорирање на македонските национални интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
82 Со цел да ја насочи политиката на македонскиот политички врв во саканиот правец, како не би имал ниту внатрешни ниту надворешни проблеми, претседателот на НКОЈ, како свој претставник на Второто заседание на АСНОМ, го испратил Едвард Кардељ, потпретседател на НКОЈ и член на ВШ на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пишувајќи за разговорите со Тито во врска со Македонија, Меклин истакнува дека и самиот Тито бил свесен за „деликатната природа на внатрешните и надворешните проблеми“ и дека во поглед на развојот на политичките работи се однесувал многу внимателно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тито, од своја страна, како што известувал Меклин, настојувал да остави впечаток на политичар што нема намера да ги промовира територијалните претензии на Југославија во тој регион пред одржувањето на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)