надворешен (прид.) - политика (имн.)

Од информациите добиени од запознавањето со историјата и “вистината за Македонија“ од книги и енциклопедии и од направените анализи британската надворешна политика спрема Македонија била поставена против двајца “непријатели“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Малку тоа: името Бугарин што ги тераше европејците да се однесуваат со недоверба кон работата на Организацијата, гледајќи во неа желба на Бугарија со револуција да ја наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, и непостојаноста на бугарската надворешна политика, насочена сега против Русија сега со неа, послужи како причина за да се согласат Русија и Австро-Унгарија заедно, со заемна согласност, да ги решаваат балканските прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но бугарското русофилство беше со сметка и не беше трајно, значи, и руската политика немаше да се измени конечно штом не се знаеше до колку е искрена и трајна бугарската надворешна политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарите во својата надворешна политика станаа русофили и Русите ја изменија малку политиката спрема Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, бугарската надворешна политика не издржува никаква критика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
67. Тие велат: во тоа време кога министерството на Данев ја предаде надворешната политика на Бугарија, во рацете на Русија, последнава, наместо да ни помогне, направи да се ракоположи Фирмилијан во Скопје, и друго, не направи ништо за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На крајот, откако почнавме да дрочиме за надворешна политика го прашав: - Добро бе, мајку му ебем.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие, информациите од своите политички и воени претставници на Балканот ги примале во своите кабинети во Лондон и по нивната анализа и врз основа на претходните сознанија за одделни земји од Балканот ја креирале британската надворешна политика, која им била подредена, пред сè, на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во американската надворешна политика во меѓувоениот период преовладуваше изолационизмот, а тоа рефлектираше врз односите на САД спрема Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако при крајот на 1944 година не можеле да проникнат во суштината на разговорите меѓу Југославија и Бугарија, сепак, претпоставувале дека меѓу нив се одвивала активност која во себе содржи две непознаници: формирање на југословенско-бугарска федерација и во рамките на тоа отворањето на македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред моето заминување во Париз како на дланка ми ги откри тајните на Quai dOrsay, доминантната институција на француската надворешна политика во која во најголем дел требаше да се одвива мојата мисија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вратениот дипломат, доколку имал успешна мисија, станува незаменлив експерт за земјата кај што служел, регионот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никакви инструкции, и од највисоките центри на власта, во доменот на надворешната политика, не можеа да ги заменат татковите инструкции и кога го немаше, а беше присутен преку неговите книги, преку нивниот распоред на читање кој ми го остави во наследство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А Американците се сторија три да му судат на хакерот од Лондон Кој еднаш им беше напишал во компјутерскиот систем Дека американската надворешна политика Е слична на државно спонзорираниот тероризам Многу му беа бесни Американците на хакерот од Лондон Оти знаеја дека тој повеќе ги изрезили Од пијаните офицери кои некогаш ќе задоцнеа со симнувањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Ние коалите слатко си се потсмевнувавме Оти на дело се покажа пред очите на цел свет Дека ако сме дембели не сме барем мочковци и серковци И дека тие работи си ги вршиме на раат Откако ќе сониме дека сме качени многу високо на дрвото Или ќе се видиме во огледало со венец на глава А што е најважно кога одиме по нужда Со саати читаме стари весници и секси ревии.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)