мудар (прид.) - совет (имн.)

Арафат тие денови беше во целосен револуционерен залет и занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Господе, биди милозлив и праќај ми ја почесто да ја гледам во сонот, зашто сѐ уште ми се потребни нејзините мудри совети.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше јасно, но тоа подоцна го осознавав дека ми недостигаа татковите мудри совети, да патувам или не!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Важно беше само тоа дека сега мудрецот говореше од размо, од неговите длабочини, и веднаш почна своите мудри совети да им ги дели на обичните луѓе кои пак го слушаа со широко отворени очи и уши, како да сакаа наеднаш да го проголтаат сето од него чуено...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)