мртовечки (прид.) - сандак (имн.)

НОЌ Тики и Краста се во неговата семејна гробница.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стојат пред еден црн мртовечки сандак на кој лежи букет цвеќе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ама што ќе се снајдам кога јас еве лежам во својот мртовечки сандак под земјат и сега останува да дојдат тие претставниците на оној свет, на Бога или на подземјето и да прават што ќе прават со мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само да ми го сместат теловто во мртовечкиот сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Особено кога ќе се расчуе меѓу луѓето собрани околу мојот мртовечки сандак во кој јас не се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Доколку почудно ми станува поведението на оние непознати луѓе кои таму дома толку грубо, пред носот ми го затворија мртовечкиот сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Треба да стасам додека не го презалопиле мојот мртовечки сандак за да си влезам во телото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас со сета сила јурнав и ќе стасав да се мушнам во мртовечкиот сандак, ама тие жените со оние нивните дојки ми го одвлекоа вниманието.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Смешно ми е како ме дотеруваат таму во мртовечкиот сандак и јас седам овде чудејќи им се на умот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ама сега пак, уште не бев ни приближен до гробот и едни двајца гледам го ставија капакот врз мојот мртовечки сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Треба така да изгубив многу време зошто кога погледнав зад себе видов не само дека мека мојот мртовечки сандак веќе е спуштен во гробот туку веќе и дека земјата во него е нафрлена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Па тие будали без мене ќе го затвораат капакот, си реков и срипав, потрчав, во последен момент се фатив за сандакот, но доживеав нешто нечујно и невидено, во сопствената куќа, со сопствениот мртовечки сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најпосле дојдов до гробот. Ни сам не знам како се случи тоа но просто се најдов под земја, до мојот мртовечки сандак.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но откако го заковаа капакот а пред да го спуштат мртовечкиот сандак во гробната дупка, Гого не издржа, некоја грутка му се откорна од утробата до грлото, со тупаница удри по капакот на ковчегот како да побара да му отворат, проговори во молкот: „Е бре, Нако, јунаку!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
” LE POELE исто така претставува чаршав со кој се покриваат умрените или драперија на мртовечки сандак. L’AIMEE звучи како lame: “везено во злато” (...dans le poele lame - под навезениот мртовечки покров).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Помеѓу мене и тебе, Ристе, нема повеќе замање-давање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакав да му речам, се разбира со пријателски намери, дека не е културно да ја шета раката по туѓи колена додека вози во колата мртовечки сандак.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А сѐ е тука:слики по ѕидовите тешки двојни завеси врз прозорците ормани што прилегаат на мртовечки сандаци исправени покрај ѕидовите несмасни кожени фотелји штавени овчи кожи расфрлани по подот една земјена Геновева и ламба прокудена во аголот притисната од темновиолетовиот абажур.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кикотење, кое не е далеку од липање, го исполнува мртовечкиот сандак на уште живиот Август Рицман.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога тргнав со мртовечкиот сандак во приколката, зад мене тргнаа и два џипа со по два-тројца внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А сонце од запад сега попладнето удираше во мртовечкиот сандак.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
(Куќата на Султана. На средината на собата груб мртовечки сандак.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)