мртовечки (прид.) - кола (имн.)

По сандакот одеа неколку мажи и стари жени, преврзани во црни шамии, роднини на покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тогаш, по главната улица на Битола, се појави мртовечка кола.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По него, два коња ја влечеа мртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го заковаа, го кренаа и тргнаа да го стават во мртовечката кола.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)