мртов (прид.) - уморен (прид.)

Се враќаше напиен и мртов уморен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да се вратиш мртов уморен и мртов гладен од школо и ништо да не каснеш, само затоа што требало да се руча, па кај го има тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога ќе се вратам дома, ќе бидам мртва уморна. Е па, од пат вратена!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)