мртов (прид.) - природа (имн.)

Иако неговиот фах не е портретот, ами мртвата природа, пред неговите проникновени очи веднаш се оцртуваат неколку леки линии на нивната судбина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Покрај ненадејните монументални крупни планови од страниците на магичните книги на Просперо, гледаме безброј излитени томови наредени долж yидовите, наредени на полиците, натрупани како објекти на мртва природа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во „Мртвата природа со мандолина“ Ботеро го пронаоѓа својот сопствен начин на прикажување на телото. 1957 Уметникот има изложби во Вашингтон и во Богота.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па, во што е разликата помеѓу Вашето гледиште овде и било која мртва природа на дробилицата за чоколада?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Идеална сцена за масло на платно - час по анатомија, или свежа мртва природа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
За среќа, мртвата природа останува непроменета, па каменот го чувам. Како убав сувенир.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За вдишувањето на годините по раѓањето За заминувањето пред облакот пчели За ноќта обесена на прозорецот За модрите движења во огледалото (остаток од бујатото растење) За животот во мртвата природа - Книга на животот За отвореното писмо со зарипнат глас За меурот во зелениот аквариум За пропуштените луѓе во бескрајот За полиците на кои се задава коњица (фрагмент од непрочитаниот роман) За животот на жртвата во темелот - Книга на животот За студените светови во мртвороденото Јас За узурпација на просторот за летање За сенката што оспорува и простува За мониторот што емитува срце (интермецо на илузијата во траење) За животот претпоставен од живите - Книга за животот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
КРИСТИНА: Ми се тресат рацете, црвенеам без потреба, се потам, имам вртоглавици, гледам дупло, малаксана сум, не можам да станам од кревет, не можам да заспијам, ми чука срцето, се плашам од смрт, од живот, од луѓе, од животни, од мртва природа, се плашам од страв, се гушам, не можам да земам воздух, очите ми гледаат навнатре, ми бегаат во различни правци, ми се кочат ноѕете, ме следат, коваат завера против мене, сите ми се смеат, главата ми е мала како тупаница, главата ми е голема како тиква, ми бучи во ушите, слушам гласови, има уште некој во мене, ме тера на викање, ме тера на смеење, ме тера на молчење, гледам слики, мозокот ми се лепи за черепот, правам со денови исти движења, не правам со денови никакви движења, сега сум главица зелка, ме нема.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Им дадоа да цртаат некаква мртва природа, составена од загризено јаболко, компир во глуждови и крушковидна тиква, па една човечка глава од бела глина и уште нешто по слободен избор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа е само една од можните безброј фотографии на мртва природа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)