мртов (прид.) - поскок (имн.)

Потоа некој под шупливото ехо на камбаната прашал што се случува и рекол дека во водата на бигорното корито видел пред мрак мртов поскок, отровен гниеж.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Напој го му рекле на Татарот, и тој, зауздувајќи го коњот за да може да ги води, тргнал кон црквата и го преплашил со жуберкавата вода или со мртвиот поскок во коритото од бигор, го испуштил од раце, останал сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)