мртов (прид.) - коњ (имн.)

Во селото Н. група мажи, очигледно вознемирени, беа собрани околу едно возило кое, испружено како мртов коњ сред патот, го блокираше сообраќајот на двете ленти.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Потем се збираа деца и љубопитно го гледаа мртвиот коњ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Или дека водата „Пелистерка“ од 250 гр. за прскање на постелата е, за да ви тргне и малку е скапа, дека од Израел ја носиш, или уште од подалеку, ама гарантира дека од мртов коњ ќе го направи „пастув“ и дека ќе мораш полиција да викаш за да го симнат од тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)