И вака, исто: не маргина на некоја овдешна “културна сцена” (бог да чува, нека си останат залепени тие зомбии, спржени за “централноста” на своите интерни рефлектори), туку Маргина воопшто, обид да се подрива, грицка и дестабилизира (на најперфидни можни начини, од правење џева со клик-клак до пуштање чучулиги на сувереното небо) идејата за централно, со што, парадоксално (и тоа е страшната историска перфидност на сите вакви проекти) централното (државно, идеолошко) само ќе се зацврсти, бидејќи го тестираат моќните герилци што занает учеле од Total Recoll!
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)