- Одиме кај моите дома на ручек. Самата ќе се увериш во кулинарските способности на мајка ми.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Каде си? Окапав чекајќи те! Моиве дома сигурно веќе ми ја подготвуваат јамката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„А добитокот, а колибата? А моите дома?“ му ораат низ глава тревожни мисли и чувствува дека, му се врти од тоа пред очи и пак замижува, и пак почнуваат оние бранови, оние кругови, онаа црвена боја во која сѐ се стопува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Моите дома сите зборат грчки. И јас, кога одам Грција, оти таму сите се плашат да зборат било шо шо не е грчко.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Тогаш да го шетаме – се согласив. Никогаш не сум имала куче, иако често сум ги молела моите дома да ми земат едно, па таа идеја да го шетаме Бак многу ми се допадна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Го одврзавме од куќичката и тргнавме надолу по улицата кон куќичката на баба Стеве.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За моето заминување од моите дома знаеја само сестра ми Љубица и стрина ми Риска, друг никој.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)