мој (прид.) - сопствен (прид.)

Убавата работа околу уредувањето на Raw е што ја наметнувам мојата сопствена произволна уредничка контрола.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас не морам да му се покорувам на нешто што не зависи од мене, вклучувајќи го тука и моето сопствено постоење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислиш дека јас зборувам за власт и моќ, а дека не сум во состојба да го спречам распаѓањето ни на моето сопствено тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што имав читано или слушано за неверствата на жените, за нивното преправање - сега го гледав во најлоша форма и го сврзував со мојата сопствена жена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ова предизвика моја сопствена омраза кон самиот себе. Се мразев од дното на душата.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Малтретирав и тормозев. Во животот бев растроен и болен.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тоа значеше дека од тој момент во мојата сопствена соба требаше да се извинам пред да се накашлам, за да не се налути некој од соседите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За да ја определи својата сопствена философска позиција, Серл пишува: „Моите сопствени погледи не се вклопуваат во која и да е од традиционалните етикети.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако тука и таму во Франција постои критика на умот, нпр. мојата сопствена, тогаш тоа воопшто не значи отфрлање на умот, тенденција кон ирационалното, туку, спротивно, во голема мера одговорност и освестување на одговорноста на филозофот пред умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но, штом тој завојувач стане заменет со самиот идентитет, или, подобро, мојата сопствена (национална) слика ставена врз столбот на авторитетот обземајќи ме со својот поглед, тогаш веќе нема да смеам да имам било какво право да ја оспорувам“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја наведнав главата. Бев дете фатено со списание разголени фотографии, но на тие фотографии, беше моето сопствено тело, ишарано од пламењата и лепливо од јазиците на непознати дебели полицајци.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Додека патував низ Македонија во мојата глава ми брмчеа следниве стихови на Волтер Скот: Живее ли човек со душа толку мртва, та никогаш да не си рекол во себе: Ова е мојата сопствена родна земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако секој миг на играта го прифатам како супститут на животот ( во кој е сконцентрирано сето сознание за минливоста и неповторливоста), можеби ќе успеам, совладувајќи ги различните стадиуми на играта, да го достигнам умеењето, мојата сопствена игра да е во исто време општа, и тоа сосем спонтано, природно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Си велев себеси дека сето ова е човечко расудување: дека Бог, доколку постои, мора да биде бескрајно зад безначајните проекции на моето идеализирано сфаќање за моите сопствени идеали.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас бев ужаснат од Него доколку тој постоеше, и исто така ужаснат доколку не постоеше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со истата брзина раката ќе ми избегаше пред оган; чија и да е смрт или повреда на истиот начин ќе ми ја одземеа силата; а имаше многу причини да се замрзнам, бидејќи, на пример, 118 okno.mk чувствував дека мојата сопствена смртоносна болест се придвижува; но ништо од тоа не можеше да ја предизвика одвратноста до којашто доведе тоа нејасно препознавање, а тоа е реакција на целата моја природа која го премавна моето разбирање и ме наведе да отстапам како пајак.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Уште од детството моја желба беше да бидам разбран, да бидам способен да го кажам она што сакам да го кажам и да бидам слушнат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Друга важна причина зошто не можам да работам во Русија е приказната што ја раскажувам; таа не може да му се раскажува на мојот сопствен народ. 118 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не би можел таму повторно да работам бидејќи мојата генерација му припаѓа на минатото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јас не морам да се покорувам на нешто што не зависи од мене, вклучувајќи го во тоа и моето сопствено постоење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Извесни премиси на проектот утврдени се на самиот почеток, бидејќи, не само строгоста на администрацијата туку и моето сопствено искуство со ЛСД, ми налагаа повнимателен пристап одошто инаку би имал.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Опишувајќи ја, јас се опишувам себеси и мојата сопствена болка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мене ме води моето сопствено срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Преку креирањето на оваа архива, мојот сопствен поглед на тој период исто така се искристализира.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можам да се носам со било која ситуација. Можам да излезам на крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сум бил и во полоши ебани затвори и до сега сум се снаоѓал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас реков, “Правете што морате, но јас сакам да бидам таму под моето сопствено име.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)