мој (прид.) - сонлив (прид.)

Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога децата ја видоа тортата, извикаа од среќа, а тетка ми Олга се обиде под маса да ја клоцне Кристина, но по грешка настрада мојата нога.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Никако не можев да се опуштам, обвинувајќи се дека повторно некому го блокирам тоалетот, овојпат можеби на мојот сонлив тетин, и прашувајќи се како ќе ја истерам смрдеата оттаму ако навистина успеам да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)