мој (прид.) - роден (прид.)

Еден руски патешественик, по име Виктор Григоровиќ, професор од Казан многу се изненади кога виде славјански книги во Охрид, во моето родно место Струга, во Преспа и др. затоа што тукашните славјани не им биле познати на европејските народи, туку од нивна страна биле сметани за некаков друг народ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немој погрешно да ме разбереш, посакувам за навек да останеш тука како моја родена ќерка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да знаеше кутриот Х.Х. какви мисли ми се вртеа во мојата глава, како реакција на неговите искажувања, сигурно ќе добиеше непобитни аргументи за моето тотално застранување од трајните вредности на мојата родна земја, а ако успееше да извлече од мене барем минимални докази, бездруго ќе добиеше и сигурни поени за неговото унапредување во кариерата доближувајќи се што повеќе до митски далечната Централа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакав со него, во дотек на нови илузии во мојата свест, да го продолжам претходниот разговор, наивно верувајќи дека ќе го разуве­рам со нови сигурни елементи за погрешниот пат што го избрала мојата родна земја во изградбата на социјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Запревме пред мојата родна куќа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А кога од мојата родна земја до мене ќе допрат приземни вести и гадни трачеви, Џони горчливо резимира: „Много их је и страшно галаме!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не е најлесно да се говори за впечатоците од мојата родна земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш зошто сум овде во Маказар, моето родно место, на само половина километар од стариот пат Виа Игнација?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ристана жена моја Родена 20 октомври 1902 во Брезница неписмена умрена на 3 јануари 1943 година преживеала 40 години 2 месеци и 23 дена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мразот копве, иде нова смена, пролет иде, нараснало жито, Вардар ќе набуја в пена, крај мој роден оживува питом...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Најчесто во сон, откако тајно ќе ја минам границата се упатувам во мојата родна куќа крај езерото, која веќе не постои во реалноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Верував дека и во мојата родна Албанија имаше едно дно кое требаше да се допре за да се извиши човекот во апотеозата на страдањето кон воздухот на слободата...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Моето патување во Албанија во 2001 во споредба со моето прво патување-враќање во мојата родна земја во 1979 г., кога таму се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин, може да се смета за обичен, банален чин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во егзил силно и постојано се сонува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не заминавме веднаш затоа што од ова село убаво се гледа мојот роден кат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Градот реши, на иницијатива на четириесетина потписници, да ме прогласи за почесен граѓанин, во знак на благодарност за придонесот на моето книжевно дело, односно за придонесот за балканската книжевност, што овозможи мојот роден град да стане познат во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)