мој (прид.) - малечок (прид.)

Секогаш кога некој ќе влезеше во нејзината соба, во текот на разговорот погледот ѝ се вртеше кон масичката, таа забораваше дека безброј пати претходно го имаше повторено истото – “Ова е мојата малечка Лоте,” и ги земаше праменот коса и запчето, ги држеше на дланките, гледаше во нив онака како што децата гледаат во стакленце како во некаква бесценетост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кинески циркус Кинески циркус гостува во собата моја малечка.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Драгица Најческа Друга мајка (1979) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 На ист начин како и мене кога бев мала, мама навечер, пред заспивање, ѝ ги раскажуваше на Ели, моето малечко сестриче, долгите приказни за Пепелашка, за Ивица и Марица, за црното кравајче...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А моите малечки деца се искрадоа од дома и ете отидоа за да можат со отворени очи да гледаат во тие грозотии. Нели е страшно тоа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Елена долго го слушаше пискотот на Марија. Ги разбираше нејзините зборови: моето дете, мојот малечок, сам таму, кај тие изроди...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата малечка Алиса! ... Ја познавате? ...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ми го исправа лицето, ми го милува и само шепоти: Мојата малечка затвореничка, мојата малечка затвореничка, милаче мое, милуваче мое! Така некако...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)