мој (прид.) - искрен (прид.)

- Ги знаеме тие случајни ноќни прошетки - ја исмејуваше мојата искрена згрозеност натрапникот Величковски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оваа ноќ остани во прегратките, да го слушнеш ритамот на моето срце, да го сетиш вкусот на мојата искрена љубов...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Примете го изразот на моите искрени длабоки чувства кон вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што мојот искрен пријател, македонскиот амбасадор Вања Тошевски, прекален дипломат, во билатералата, но уште повеќе во мултиратералата со кого се знаев од скопската телевизија, кога работев како новинар, а тој беше главен уредник, убаво ме предупреди најмногу да внимавам на шифрантот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)