мој (прид.) - дневен (прид.)

Не знам што се славеше, но сигурен бев дека ечеше познатата Смоук он д вотер, а некој од гостите силно го наруши континуитетот и ја рокна Сузана Газова од дивидито на мојата дневна соба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Веќе сите беа летва пијани освен Гоцка Арнауда, кој пиеше кисела вода и испотен у лепршавата кошуља му доаѓаше да се гризне за јајца што не се наоѓа у кафана туку у мојата дневна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се спремаше да маа акапела у мојата дневна препуна со пожелни и непожелни гости.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најголемиот комита меѓу партизаните и најголемиот партизан меѓу комитите, Драгутин Павлович Шлатас со рејбан цвикера и жута машна упадна у мојата дневна ко Германец у четрспрва.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сето ова ако не ги расплакало, тогаш сигурно тоа го направило она што го има во понатамошните мои дневни белешки дека дојдов до таму ако не најдам место каде да спијам книгите ќе ги оставам кај Евтим а по три четири саати ќе преспивам во чекалната на станицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јас не бев почнал со ниту една од моите дневни обврски а таа веќе се однесуваше како да си оди денот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)