мој (прид.) - десен (прид.)

Утре наутро, кога ќе дојдам во оваа канцеларија сакам од мојата десна страна да видам бришан простор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Овде ја чувам. До мојата десна рака. Ја купив од еден селанец. Ја носеше забодено во појасот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сега, во врнежливите дни, тие линии на тротоарот се полнеа со вода, а баш мојата десна нога беше обосена толку, што скоро целиот преден дел од ѓонот отпадна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Најдобро би било и јас да ѝ се насмевнам, да ѝ покажам дека ја разбирам, но место тоа јас ги спуштам очите и -о ужас! - гледам дека место мене ѝ се смешка некој друг, и тоа е мојот десен чевел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зашто, колку да бев сега принуден, под силата на околностите, да го ломам првичниот ритам на своето одење, тој сепак понекогаш потсвесно ќе ми се наложеше, и тогаш мојот десен чевел очајнички ќе закркореше како неук пливач што голтнал во реката матна вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Требаше здраво да се заузда таа уста и главната улога во тоа му се падна на мојот десен палец, којшто мораше да биде секогаш буден и да ја опсраќа кожата, да ја укротува, да не зине.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)