мој (прид.) - близок (прид.)

За жал, иако јас не го правев тоа, мене многу често ми го правеа дечковците, со моите блиски пријателки, за да дознаваат работи за моето минато, детали за мојот живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Оваа куќа ја наследив од еден мој близок роднина. Во нејзе стапнав кога дојдоа првите колонисти од Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Знаеш, јас сум една од оние која повеќе се експонира со гласот и квалитетот на срочените зборови во репортажата, а како изгледам јас тоа оставам да пресуди судот на моите блиски пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беа исклучени, размислував подоцна, од средбите со мене, сите мои блиски роднини по мајчина и таткова линија. И подобро за нив.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но сепак, наивно верував во спротивното, бев готов да му ја пренесам желбата да ги видам моите блиски по мајчина линија, не верувајќи дека би можел да му се дове­рам на Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем се овие мои блиски од повеќе генерации, кои ги гледавме со големата таткова емигрантска цариградска дулбија преку границата од ридот кај манастирот Свети Наум?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. не успеа да ме исфрли од тишината ни при најголемите провокации, филувани, одвреме-навреме, со неумесни комплименти, со алузии на моите блиски во Албанија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно го спомнуваа моето име, имињата на моите блиски од двете страни на границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но кој да верува дека моето патување во Албанија во потрага по вистинска претстава, создадена според зако­ни­те на уметноста и автономната вредност, ќе се престори самото во драма, при што сцена ќе биде самата земја, со расплет во декорот на Атеистичкиот музеј во Скадар, со ликови меѓу одбраните водичи по музеите, со многубројни активни и пасивни статисти од редовите на тајната поли­ција, Партијата, мои блиски по таткова и мајчина линија, во генералниот декор на родната земја со седумстотини илјади бункери?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Последен поздравите на наше­то семејство ѝ ги упати еден мој близок пријател, писател кој се најде во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рака на срце, висината на оценките беше заслуга на тешката уста и рака на една моја блиска роднина која ја имаше простудирано психологијата и трајно измеморирано делот за стапот и неговата функција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како и да е, многу сум лута за слабото сексуално воспитување од страна на моите блиски.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Мил, оче”, рече Тодора со умилност за приказ, „сум дошла кај тебе од што една мака ме мачи, мака што не смеат ни моите блиски да ја знаат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во татковите книги имаше најмногу соништа и тие затоа до крајот за мене остануваа живи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ги нема живите, моите блиски, дамна заминати и починати.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Фрежис замолив мој близок да ми ја проследува поштата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и ако постои поголема слобода, ова отсуство изгледа е прилично тешко бреме за носење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Единствено можам да разговарам за моите блиски пријатели кои ги познавам 30 години, тие работат на истиот јазик, на истите проблеми и идеи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)