мој (прид.) - американски (прид.)

А романите Ова е мојата татковина, Мојот Американски аџилак и Орелот и штркот ги обработуваат темите од животот на македонските печалбари во Америка, а во ретроспектива авторот врши анализа на состојбата во Македонија и на искуството, доживувањата и психологијата на Македонецот во својата татковина и во туѓина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби таа потреба да ги запишувам зборовите е поттикната од оној ист страв што мојот американски студент David Lehman го натера да ја напише едноставната реченица: „Светот е кревок и јас се плашам“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не, јас не сакам да бидам како мојот американски пријател Норман кој се заколна дека нема да го исчисти станот сѐ додека не ги среди порезните сметки, а од тогаш има веќе неколку месеци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас никогаш нема да бидам како мојата американска познаничка Judith којашто живее сама во запуштена куќа и упорно сонува за тоа како еден ден ќе се пресели во Грција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
-Дали мислите дека кичот е типичен производ на комунистичките системи? - ме запраша мојата американска студентка по предавањето за романот на Кундера, Неподносливата леснотија на постоењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Како си? - ме прашува мојот американски пријател Норман. - Страшно - велам. - Fine - вели и срдечно ме потупнува по рамето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)