— Седни де, ај седни, седни, па кажуј, да слушнеме што мислиш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сефедин мој човек, наш човек. Ако чинит да направиме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој е мој човек, молчи како гроб, можеш да му кажеш сѐ што сакаш.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се разбира, на мојот човек му реков да го има на око и во случај да се обиде да бега, да го убие. - прекина, се загледа во лицето на командантот и чека да слушни што ќе рече тој.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А мој човек во истиот вод ми рече дека некои кога треба да одат на стража, се прават болни и тој, мојот човек ми го даде и ова писменце. Еве што пишува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Толку ми влезе тоа во потсвеста, па демнев и јас конечно да го најдам мојот човек.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Гости ќе чекам- рече Екрем- На бегот валијата дојди на гости и со валијата дојди еден мој човек.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од каде го знам ова кога никој ми нема речено?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Постојат и такви моменти, (но тоа се случува на ова место каде што сега се наоѓам), наеднаш да почувствувам дека ми иде да се засмеам до засркнување, бидејќи неочекувано ќе си помислам, "најверојатно тешко му одело проодувањето на мојот Човек Ведран".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па знам како му одеше проодувањето на нашиот син Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не би се отворил пред секој, особено не пред непознат. - Кога го гледам така во сон, како блада и како се мачи, ми се чини дека гледам некој непознат, а не мојот човек, мојот Фоте.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Многу повеќе ќе ми значеше мојот човек да стоеше еве овде, на твоето место, жив и насмеан, иако без сите оние украси што ти ги... - и среде збор тетка Боса се сепна, како да се сетила на нешто што не смеела да го изуми...
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ама мојот човек, што е право, беше човек на место.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)