Еве ја причината поради која се трудам секој мој чекор во духовната сфера да биде поткрепен од голем ум.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Само ти неуморен можеш да го следиш мојот чекор ти, нем, безгласен, на секој мој прекор.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Оф, како одзвучуваше мојот чекор во таа тишина во која се давеше срамот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Моите чекори глуво одѕвонуваа помеѓу двата реда високи и безоблични бетонски згради.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Чекорите на водата по песокта- моите чекори низ сонот на животот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)