мој (прид.) - царство (имн.)

V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Зар не владее големиот пророк над сите живи и мртви? – се замисли и застана насред одајата, па продолжи да си зборува: – Се нашле десет, педесет, сто разбојници во средината на моето царство да се спротиват на мојата сила и ќе ја кршат!!!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)