мој (прид.) - фантазија (имн.)

Ја мразев помислата дека моите фантазии никогаш вистински ме немаа задоволено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали е така, или тоа е само плод на мојата фантазија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А можеби сето тоа е само плод на мојата фантазија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас, едноставно, одлучив моите фантазии за нешто што не го посакувам за себе, илузорно да ја надминат границата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Она за што се расцветува мојата фантазија како младо црешово дрво напролет, не сакам да биде во досегот на мојот поглед, ниту пак во дофат на моите дланки.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да објаснам дека никој освен мојата фантазија не може да ми го замени тоа што недостасува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жолтата куќа на мрднатата вдовица, домот во кој живееше емигрантот, беше молчелива и затворена и оживуваше во мојата фантазија чудни и таинствени слики.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Добро, иако знам дека мојата фантазија умее да соедини и нешта што по правило тешко се сместуваат едно покрај друго, утринава, откако дознав дека Загорка Пепрутката исчезнала, првата помисла што ме опседна, беше дека постои некоја сличност ( како што реков веќе) помеѓу овој настан и исчезнувањето на братучедот Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури бев пресметал во себеси дека зајменото ќе можеме да го вратиме за месец или најдоцна за два, а самиот настан го бев сместил помеѓу оние мали авантури што барем до случајот со столовите немав храброст да ги престорувам живот но затоа пак постојано ги смислував и ги оставав слободно да шетаат низ мојата фантазија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Болката не е само твоја сироткиња таа стана болка на сонот од мојата фантазија, сонот што го заборавив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Заедно со ова трагикомично привидение низ мојата фантазија протрчуваа и оние други слики и дребулии што обично се јавуваат додека жените ни објаснуваат со какви тешкотии биле поврзани нивните подготовки за излегување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)